Наречено чудо на инженерството, долгоочекуваниот хоризонтален објект кој се гради во кинескиот град Чонгчинг, по речиси шест години, наскоро ќе биде завршен, информира Си-ен-ен.
Дизајнирано од светски познатиот архитект Моше Сафди, проектот е со големина од 1,12 милиони квадратни метри, составен од осум кули и гигантски воздушен хоризонтален мост кој ги спојува кулите. Поради тоа го ословуваа како „хоризонтален облакодер“. Вредноста на градбата се проценува дека е 3,8 милијарди долари.
Хоризонталниот мост беше наречен „Кристал“. Во неговиот простор се предвидени големи градини, ресторани, огромен базен, трговски центар со големина од 230 илјади метри квадратни, 1.400 апартмани за живеење и луксузен хотел со големина од 160 илјади метри квадратни. Изградбата на „Кристал“ беше започната во 2013 година.