Најмал медијатор! Кралскиот експерт Ник Булен смета дека доаѓањето на ќерката на принцот Хари и Меган Маркл ќе помогне да се обедини кралското семејство по нивната неодамнешна драма.
– Раѓањето бебе е секогаш одличен обединувач за едно семејство и сигурен сум дека сите страни на семејството Сасекс ќе сакаат да слават со Хари и Меган – изјави главниот уредник и основач на True Royalty TV во екслузивно интервју за „Ју-ес викли“.
Војводата и војвотката од Сасекс (36 и 39) веќе се родители на синот Арчи (2). Парот во февруари објави дека го чека своето второ дете. Еден месец подоцна, тие го споделија полот на бебето во интервју за „Си-би-ес“, откривајќи дека нивната ќерка треба да се роди ова лето.