„Тропикалија“ е проект вреден 72 милиони евра за изградба на најголемата тропска стаклена градина со една купола во светот, во мало село во северна Франција. Oпкружувањето на Ранг ду Флаерс, малото село во северна Франција, чија туристичка канцеларија гордо може да се пофали со својот фестивал за летање на хартиени змејови кој се одржува секоја година, не асоцира на живописната дождовна шума во Амазон.
И покрај тоа, овој контроверзен проект вреден 72 милиони евра претставен со голема помпа во 2018 година, со план за почнување на изградбата подоцна годинава, треба да ја собере најголемата тропска стаклена градина во светот под една купола на напуштено и празно земјиште во близина на локалната болница.
Именувана „Тропикалија“, оваа гигантската пластична структура на купола од 20.000 квадратни метри ќе содржи водопад висок 25 метри, патека за одење долг еден километар и базен со олимписка големина исполнет со амазонски риби, многу ретки видови водоземци, птици , влекачи, како и аудиториум, ресторан и сместување со ноќевање и појадок за гости.
Тропската флора и фауна кои ќе се донесат од целиот свет, со авиони од Африка и од Јужна Америка кои ќе носат и други видови за да ги надополнат залихите од 8.000 пеперутки, ќе треба да се заштитат од ниските зимски температури.
Програмерите тврдат дека двојниот заштитен слој од етилен тетрафлуороетилен на куполата, отпорна и проѕирна пластика и иновативната технологија за рециклирање на топлина ќе помогнат во одржувањето на внатрешната температура од 26 до 28 Целзиусови степени за време на цела година.
Според Сидрик Гуерин, ветеринар кој го поминал своето детство во Француска Гвајана и екваторијална Африка, овој проект што тој го осмислил, ќе му даде сјај на овој регион на Франција, кој се промовира како „Брег на опалот“. Тој се надева дека на тој начин ќе привлече 500.000 посетители годишно.