Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор беше крстен вчера на мала приватна церемонија во замокот Виндзор.

Синот на британскиот принц Хари и неговата сопруга, Меган Маркл, двемесечниот Арчи, според кралската традиција, бил испрскан со вода од реката Јордан над крстилницата Лили Фонт, во која што кралицата Викторија и принцот Алберт го крстиле своето прво дете, ќерката Викторија, во 1841 година.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

This morning, The Duke and Duchess of Sussex’s son, Archie Harrison Mountbatten-Windsor was christened in the Private Chapel at Windsor Castle at an intimate service officiated by the Archbishop of Canterbury, Justin Welby. The Duke and Duchess of Sussex are so happy to share the joy of this day with members of the public who have been incredibly supportive since the birth of their son. They thank you for your kindness in welcoming their first born and celebrating this special moment. Their Royal Highnesses feel fortunate to have enjoyed this day with family and the godparents of Archie. Their son, Archie, was baptised wearing the handmade replica of the royal christening gown which has been worn by royal infants for the last 11 years. The original Royal Christening Robe, made of fine Honiton lace lined with white satin, was commissioned by Queen Victoria in 1841 and first worn by her eldest daughter. It was subsequently worn for generations of Royal christenings, including The Queen, her children and her grandchildren until 2004, when The Queen commissioned this handmade replica, in order for the fragile historic outfit to be preserved, and for the tradition to continue. Photo credit: Chris Allerton ©️SussexRoyal

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on


Арчи бил облечен во рачно изработена реплика на кралскиот фустан за крштевање.На церемонијата не присуствувала кралицата Елизабета поради претходно закажани обврски. На крштевањето меѓу другите присуствувала и мајката на Меган, Дорија Рагленд.

Медиумите не беа повикани, а двојката дури и не открива кои се кумови на Арчи. Разочараните Британци, кои се надеваа дека крштевањето на кралското бебе ќе можат да го гледаат на телевизија, добија две фотографии од крштевањето кои се објавени на „Инстаграм“.

Арчи е роден на 6 мај и е седми по ред за наследување на британскиот престол.