Италијанските власти ја потврдија информацијата дека филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи наесен оваа година, како што беше претходно планирано, пренесува „Вараети“.
Лука Заја, гувернерот на регионот Венето, потврди дека најдолгиот светски филмски фестивал ќе се одржи во планираниот период – од 2 до 12 септември годинава.
Организаторите веруваат дека фестивалот може да се одржи според планот и програмата, но исто така се свесни и за фактот дека поради пандемијата на коронавирусот, ќе изгледа нешто поразлично од она што сме навикнати да го гледаме последниве години. Меѓутоа, сè уште нема конкретни информации за тоа како би изгледал годинашниот фестивал.