Дот Мекарти од Розендејл во Велика Британија, сопственичка на фарма за кози на шега понудила да ги изнајмува своите кози за состаноци преку апликацијата Зум, за време на карантинот, и од тоа заработила околу 56.000 евра, пренесуваат медиумите.
Дот Мекарти вели дека „неверојатен“ број на луѓе и понудиле да и платат за фактот дека козата Лола и другите од стадото за појавување на состаноците.
Таа вели дека тоа и овозможило да опстане и да ги задржи своите вработени, а исто така и да ги подмири трошоците за работа на фармата.
Ова е позабавно отколку да продавате ѓубриво и да врзувате крај со крај, додала таа.
Нејзината фарма обично изнајмувала простор за свадби и училишни посети за да оствари дополнителен приход, но епидемијата на ковид-19 ја оневозможи таа работа.
Затоа, 32-годишната фармерка, која го презела семејниот бизнис од нејзината мајка пред околу пет години, дошла на идеја да ги изнајмува козите од нејзиното стадо за состаноци преку апликацијата Зум.
Козата треба неочекувано да се појави на состанокот, како изненадување.
Заинтересираните треба да платат пет фунти за да најмат коза за да им се придружи на закажаниот состанок, со мала помош од вработените во фармата.
Мекарти вели дека била „шокирана“ што шегата станала деловен успех.
Таа дообјаснува дека ја објавила понудата на веб-страницата на фармата за да ги насмее луѓето во април минатата година, кога мерката за карантин за првпат била воведена во Велика Британија. По објавувањето на понудата си легнала да спие, но откако се разбудила видела дека добила околу 200 пораки, со барања за присуство на козите на нивните повици на апликацијата Зум.
Нејзините кози се појавиле на состаноците ширум светот од Америка до Русија, Кина и Австралија.
Едно семејство ја изнајмува нејзината коза Маргарет секоја сабота.
– Ја нарекуваат Марг и ја третираат како член на семејство – вели Мекарти.
Таа додава дека ја претпочита оваа работа повеќе во однос на продажбата на ѓубриво, што исто така го прави со цел да ги зголеми своите приходи.
– Ова е многу полесно и позабавно – вели таа.