Битолските рибари рушат рекорди. По богатиот улов што пред еден месец го забележа пoзнатиот битолски рекративен риболовец Ненад Хомолик, кој улови сом тежок 25 килограми, рибарот Филип Трифуновски викедов, на Стрежевското Езеро улови сом тежок 37 килограми.
Тоа е нов рекорд, кој еден битолски рибар го има постигнато на акумулационото езеро „Стрежево“, каде ловат риби најголем број од битолските рекреативни рибари.
– Навистина и самиот сум изненаден од уловот. Без да плетам рибарски приказни имав среќа, сомот се фати на мојата јадица и таквата шанса не ја прошуштив – изјави Филип Трифуновски.


На богатиот улов на сомот најмногу се израдува неговиот малолетен син, кој е висок колку и сомот што го улови неговиот татко Филип.
М.М.