Култниот филм на Квентин Тарантино „Убиј го Бил“ слави 15-ти роденден. Приказната за невестата што се буди од кома, откако е застрелана од Бил и од убијците, кои ѝ пукаа во главата на венчавката, и тргнува во одмазднички поход, го восхитува светот веќе деценија и пол и сега официјално е прогласен за најдобар филм досега.
„Убиј го Бил“ е прогласен за најдобар филм на сите времиња во спроведената анкета на магазинот „Воч анд лисен“. Се смета дека е подобар и од „Граѓанинот Кејн“!
„Убиј го Бил“ е замислен како четиричасовен филм – но, сепак, кога Тарантино сфатил дека има премногу сцени што сакал да ги сними и дека нема сѐ да собере во тој четиричасовен еп, решил да објави филм во две продолженија.
„Убиј го Бил“ е кунг-фу, самурај, вестерн-приказна за платен убиец Црна Мамба што одлучува да престане да се занимава со оваа работа. Таа почнува мирен семеен живот во Тексас, но на нејзиниот шеф, Бил, не му се допаѓа тоа… Ја наоѓа на денот на нејзината свадба, кога таа е во блажена состојба, и ги убива гостите, а нејзе ѝ пука во главата. Сепак, таа успева да се спаси и да преживее. Па тргнува во немилосрдна одмазда.
Ума Турман ја игра главната улога во филмот, а наедно е и сценаристка. Премиерата на филмот е прикажана на 10 октомври 2003 година. За реализација на филмот се издвоени 30 милиони долари, а исто толку и за вториот дел, кој е објавен една година подоцна.