Британската полиција уапси дилер на дрога врз основа на неговите непромислени фотографии на кои се фалел со огромни количини пари, скапи часовници и накит, јави „Дејли мејл“.
При претресот на неговиот стан во Њупорт, Марк Ваинфур кај себе имал 13.000 фунти, Полициските службеници кои го прегледале неговиот телефон, пронашле поголем број содржини поврзани со дрога: нешто повеќе од 26.000 фотографии, 400 видеа и 700 пораки.
На една од фотографиите овој дваесет и деветгодишник позира на фарма со канабис, на друга се гледа луксузен рачен часовник…
Полицијата во неговиот дом пронаѓшла нешто над 14.000 фунти во готовина, пронајдена и скапоценаё облека, накит и часовници „Ролекс“, но и дигитални ваги на кои останале траги од канабис.
Полициските службеници нашле и документи од автомобил „Форд Куга“, паркиран пред куќата.
Ваинфур признал во судот дека одгледувал канабис и перел пари. Судијата му одреди затворска казна во траење од три години и четири месеци.
– Тој е професионален дилер на дрога и се гордее со тоа. Препродажбата на дрога е одвратна, предизвикува големи страдања, предизвикува смрт – истакна судијата.