Обожавателите на популарниот детектив Шерлок Холмс нема да се израдуваат на вестите за промената на датумот на премиерата на третиот игран филм за него, што ќе се одржи во декември 2021 година. Според првобитната одлука, филмот требаше да биде објавен 10 години по првиот дел, но потоа одлуката е сменета.
„Ворнер Брос“ и „Вилиџ роудшоу пикчрс“ го одложија снимањето бидејќи сѐ уште не одбрале режисер, затоа што Гај Ричи, по сѐ изгледа нема да биде ангажиран повторно. Роберт Дауни Џуниор и Џад Лоу ќе се појават и во новото продолжение.