Поддршка за контролери за „иксбокс“ и „плејстејшн 5“
Компанијата „Епл“ започнувасо бета-тестирање на иОС 14.5, а една од промените што ги носи оваа надградба е поддршката за новите контролери што се користат за конзолите „плејстејшн 5“ и „иксбокс сериес икс“.
Во моментов никој од овие контролери не е поддржан на најновите верзии на иОС и АјпадОС, но ажурирањето на 14.5 ќе го промени тоа.
Претстојниот оперативен систем иОС 14.5 ќе овозможи отклучување на вашиот Ајфон со користење Епл воч додека корисникот носи заштитна маска, повикување контакти за итни ситуации преку виртуелниот асистент „Сири“, споделување на Кар плеј ЕТА и поддршка за дуал-СИМ 5Г.
Сè уште не е познато кога иОС 14.5 ќе пристигне на уредите, но се очекува во следните неколку месеци.