Британската армија разви дрон опремен со оружје
Британската армија има една иновација, а тоа е дрон што во себе носи оружје. Станува збор за хексакоптер, со ознака i9, кој е опремен со сачмарка двоцевка.
Новиот дрон може со помош на вештачката интелигенција да открива цели, па дури може да лета и во затворено. Тоа не е сè, бидејќи дронот наскоро ќе биде опремен и со фрлач на рачна граната и митралез.
Беспилотното летало е создадено и наменето за употреба во густо населени области, а ѝ овозможува на војската увид во тоа што ја чека онаму каде што има намера да влезе, за да биде што е можно посигурна.
Војската во Авганистан имаше многу жртви за време на рациите, а таквиот дрон би можел да спречи некои од тие загуби.
Леталото има шест пропелери, прво ќе влегува во зградите, ќе ги идентификува можните цели и ќе ѝ испраќа фотографии на армијата од она што го снима неговиот фотоапарат. Исто така, новиот дрон ќе може да собори и други авиони од небото, а и тоа е автономна акција. Информациите за беспилотното летало беа објавени еден месец откако американската војска изврши втор пробен лет на своите беспилотни летала.