Нов евтин мобилен на „Моторола“ со камера од 64 МП
Компанијата „Моторола“ се подготвува за претставување на новиот член Г-9, во семејството на евтини мобилни телефони. Неколку недели откако го претстави „Г-9 плеј“, „мото Г-9 плус“ се појави на интернет-страницата Оринџ во Словачка. Според податоците, мобилниот телефон ќе чини 255 евра и ќе има задни камери, вклучувајќи ја главната од 64 МП, а ќе го напојува голема батерија од 5.000 мАх.
Иако новите мобилни на „Моторола“ се просечни, апаратите од Г-серијата, како „Г-стил“ и „Г-моќ“ навистина нудат многу во однос на вложеното. Камерите се генерално добри, со оглед на цената, како и батеријата и модификацијата на Андроид.
„Мото Г-9 плус“ ќе има 6,81-инчен екран, со резолуција од 1.080 п, 4 ГБ РАМ, 128 ГБ интерна меморија, што може да се прошири преку СД-картичка.
Ќе го користи оперативниот систем Андроид 10. „Г-9 плус“ е втор или трет член на понудата од „мото Г-9“. Има и поевтини модели, а во Европа цената е 169,99 евра.