Одвојте малку време и напор, одговорете на прашањата, со малку додавање и одземање ќе стигнете до вистинскиот број на вашите години. Возраста на вашето тело и дух не мора да одговара на вашата вистинска возраст. Она што го правите секој ден за вашето тело има многу поголемо влијание отколку што мислите. Решете го овој тест докрај. Додајте ги или одземете ги годините по секое прашање. На крајот ќе го добиете бројот и ќе дознаете колку години имате навистина, или колку сте млади или стари. Бидете трпеливи, се исплати!
1. Колку често јадете приготвена храна и брза храна во текот на неделата?
Ако вашиот одговор е – не, одземете две години од вашата возраст. Ако одговорот е помалку од трипати, одземете една година. Ако јадете брза храна секој ден, додајте уште три години на вашата возраст.
2. Колку ви е голем стомакот и како изгледа?
Ако стомакот ви е рамен, одземете половина година. Ако при вдишување си ги гледате нозете, додајте половина година. Ако не можете да ги видите нозете во исправена положба, додајте една година.
3. Измерете го обемот на колковите, во делот каде што задникот е најширок. Потоа измерете ја половината на делот каде што е најтенка. Потоа поделете ја ширината на половината со ширината на колковите. На пример, ако половината ви е 70 см, а колковите се 100 см, вашата мерка е 0,7. Ако обемот на половината ви е 75 см, или помалку, додајте една година. Ако вашата мерка е 2 см, додајте три години, а за сè повеќе од 2,5 см додајте пет години.
4. Колкаво е најголемото количество алкохол што сте го испиеле во еден ден (во животот)?
За три пијалаци или помалку, одземете три години. За четири пијалаци, не треба да додавате ниту одземате ништо. За пет пијалаци, додајте една година, а за повеќе од пет, додајте три години.
5. Ако пушите 10 цигари на ден, додајте половина година. Ако не пушите, не додавајте и не одземајте ништо. Ако пушите 20 цигари на ден, додајте една година.
6. Дали вашите непца крвават при четкање на забите? Имате лош здив?
Ако забележите крвавење на непцата додека ги четкате забите, додајте четири години. Ако имате лош здив, додајте една година на вашата возраст.
7. Вклучете радио или слушајте телевизиска емисија, но притоа намалете го звукот за една третина. Можете ли да слушате нормално?
Ако воопшто не слушате, додајте пет години. Ако едвај можете да слушнете, додајте три години, ако слушате нешто понекогаш, додајте една година, а ако немате тешкотии и добро слушате сè, додајте две години.
8. Колку често се изложувате на сонце без соодветна заштита и подолго време отколку што препорачуваат дерматолозите?
Ако вашиот одговор е „никогаш, обично седам под сенка“, одземете една година. Ако вашиот одговор е „понекогаш, но користам крем за сончање“, не додавајте и не одземајте ништо. Ако не користите ништо за сончање, додајте две години.
9. Поставете ја раката на масата, дланката да ви биде надолу. Потоа фатете ја кожата на грбот (веднаш над прстите). Зафатете колку што е можно повеќе кожа. Држете една минута, а потоа пуштете. Ако кожата се врати во нормала за помалку од една секунда, потребни се три години. Ако ѝ е потребно на кожата една-две секунди за да го стори тоа, додајте една година, додајте пет години за 5-10 секунди и додајте три години на 11-30 секунди.
10. Дали можете да ги допрете прстите на испружени нозе?
Ако можете да го направите тоа со леснотија, додајте една година. Ако одвај го правите, додајте една година. Ако не можете да го сторите тоа, додајте две години.
11. Колку често вежбате и ги зајакнувате мускулите?
Ако вежбате трипати неделно или повеќе, додајте година и пол. Ако го правите ова двапати неделно, не одземајте и на додавајте ништо. Ако никогаш не вежбате, додајте една година.
12. Пребројувајте наназад од 100, но не во ред, туку намалувајте постојано за седум. Значи, бројот 100, потоа 93, потоа 86 итн., сè додека стигнете до нула.
Ако имате под 40 години, не ви се потребни повеќе од 20 секунди. Ако имате меѓу 40 и 60 години, не ви се потребни повеќе од 40 секунди. Ако ја завршите задачата побрзо од даденото време за вашата возраст, одземете две години, но доколку ви требаат повеќе, додајте две години.
13. Колку често спиете подолго од шест часа во текот на ноќта?
Ако спиете осум часа секоја вечер, одземете една година. Ако обично спиете помеѓу шест и осум часа, не одземајте и не додавајте ништо. Ако ретко спиете подолго од шест часа, додајте една и пол година.
16. Колку често ги гушкате и бакнувате најблиските во текот на неделата?
Ако го правите ова четири или повеќе пати, одземете една година. Ако вашиот одговор е „помалку од трипати“, не додавајте и не одземајте ништо. Ако никогаш не ги гушкате или не ги бакнувате најблиските, додајте една и пол година.