Држава: Чешка
Област: Јужна Моравија
Жители: 5.000
Телч е убаво мало гратче во Јужна Чешка, во областа Јужна Моравија, кое изгледа како да е од некоја бајка. Градот се наоѓа 160 километри југоисточно од Прага и има околу 5.000 жители, а е основан во 1099 година, кога овде била изградена романска црква, посветена на Дева Марија. Во 14 век идниот крал на Чешка, Карл Четврти, го презема Телч.
Денес во овој ренесансен град може да се видат голем број знаменитости. На големиот градски плоштад „Захариас“ има сочувано куќи од средниот век. Украсени во барокен стил, тие, како и плоштадот, се под заштита на УНЕСКО, како светско културно наследство. Најинтересен за туристите е замокот изграден во ренесансен стил, а благодарение на совесните сопственици, внатрешноста на зградата е речиси недопрена.
Со својата убавина и архитектура пленат и црквата „Свети дух“ од 8 век, језуитската црква „Христос“ од 17 век и црквата „Света Ана“ од 16 век.