Кулата Клевел Тауер е една од најпопуларните вили за одмор во Велика Британија, и постојано е резервирана две години однапред. На пример, ако сега сакате да резервирате термин, првиот слободен е во февруари 2020 година.
– Спектакуларната кула и годинава е наша најбарана знаменитост, иако имаме понуди за сместување во 199 несекојдневни места во цела Велика Британија, истакна претставник на туристичката агенција за историски знаменитости Лендмарк Травел.
Кулата којашто била инспирација, на пример, за писателот Томас Харди, но и многу други, е изградена во 1830 година и се наоѓа во заливот Кимериџ во југозападна Англија. Има широк поглед кон крајбржјето, а гостите имаат на располагање дневна, бања и трпезарија на четири ката. Цената за викенд-престој во кулата изнесува 470 фунти.