„Скопје барбикју џем“ е нова социјално-кулинарско-музичка платформа што ќе се случи на 22 јуни во паркот зад Младинскиот културен центар во Скопје, во организација на МКЦ, „Фанки фреш“ и „Вај креатив“.
– Ќе вкусиме врвно барбикју-мени креирано од нашите најпознати скопски готвачи. Исто така посетителите ќе имаат можност, освен вкусната храна да слушнат двајца странски и дванаесет домашни артисти во една опуштена целодневна дружба со многу храна и музика. Ќе има и зона за гејминг, опуштање, танцување и разновидни активности за сечиј вкус и за секоја возраст – велат организаторите.
Разновидна храна на брз начин ќе биде приготвена од готвачите: Фет Цацко (Фет кичен), Фичо (Готвиме со Фичо), Драгана (Веган 365 кичен), Софка (Ботаника), Стефан (МС Фиш енд чипс) и Шеле („Тото дејли“).