Сопруг на членката на Нобеловиот комитет Катарине Фростенсон, во повеќе наврати ги откривал имињата на добитниците на престижната награда, вклучувајќи ја и онаа што во 2016 година што му беше доделена на Боб Дилан, објави шведскиот весник „Дагенс Најхетер”.
Жан-Клод Арно ги открил имињата на вкупно седум добитници од 1996 година досега.
Тој, меѓу другото, е обвинет и за сексуално вознемирување, а три члена на Нобеловиот комитет поднесоа оставки откако членството гласаше против исклучувањето на неговата сопруга од тоа тело.