Новото истражување на научниците покажа дека сончевата светлина го деактивира коронавирусот осум пати побрзо во експериментални услови отколку што е предвидено со теоретските модели, што дава трошка надеж дека е возможен пресврт во пандемијата.
Паоло Лузато-Фегис, експерт за машински инженеринг од Универзитетот во Калифорнија, ги анализирал студиите од минатата година што ги проучувале ефектите на различните форми на ултравиолетово зрачење и по тој повод откриле значителни разлики.
– Теоријата претпоставува дека деактивирањето работи со тоа што УВБ го инфицира РНК (рибонуклеинска киселина) на вирусот и со тоа го оштетува – изјави тој.
Сончевата светлина содржи три вида ултравиолетови зраци: УВА, УВБ и УВЦ. Првиот е типот што го сочинува најголемиот дел од ултравиолетовото зрачење што стигнува до површината на Земјата, а тоа се подолги бранови што немаат доволно енергија за да предизвикаат поголеми проблеми. УВБ-брановите со среден опсег можат да уништат микроби и да предизвикаат изгореници на човечката кожа.
Од друга страна, УВЦ се состои од пократки, посилни бранови должини на светлината, за кои претходно се покажа дека деактивираат вируси, како што е САРС-КоВ-2, од кој е предизвикан ковид-19.
Сепак, овој вид ултравиолетово зрачење обично не доаѓа во контакт со површината на Земјата поради озонот во атмосферата што го филтрира.
Експерименталната студија во јули минатата година ја тестираше јачината на УВ-зрачење на САРС-КоВ-2 во симулирана плунка и покажа дека вирусот е деактивиран за помалку од 20 минути.
Следниот месец беше објавена теорија, според која, сончевата светлина може да го постигне истиот ефект.
Заклучокот од таа втора студија беше дека САРС-КоВ-2 е трипати почувствителен на УВ-зрачење на сончева светлина отколку вирусот на грип А, додека повеќето честички од коронавирусот се деактивираат по само половина час изложеност на летна сончева светлина. Од друга страна, под зимската сончева светлина, вирусот може да преживее со денови.
Истражувачите веруваат дека е можно, наместо да дејствува директно на РНК, УВА-зрачењето да комуницира со молекулите за да дејствува за да се забрза деактивацијата на вирусот.
Оваа студија исто така сугерира дека УВА-зраците може да се користат за опрема, како што се системите за прочистување на воздухот, притоа обезбедувајќи евтино и енергетски ефикасно средство за намалување на ширењето на вирусните честички.