Држава: Русија
Потекло: вулканско
Број на острови во архипелагот: 56
Курилските Острови се наоѓаат на територијата на Русија, 1.200 километри североисточно од јапонскиот остров Хокаидо, во близината на рускиот полуостров Камчатка. Овој вулкански архипелаг, составен од 56 острови, кој ги заплиснува Окхотско Море на запад и северниот Пацифик на исток, е едно од последните места на светот што не потпаднале под влијанието на модерната цивилизација.
Првиот извештај за Курилските Острови го донел рускиот истражувач Владимир Атласов.
Повремено, со помали или со поголеми успеси, луѓето се обидувале да ја скротат силата на исконските природни сили што господарат со Курилските Острови. Како своевиден споменик на скротителите на топлината скриена во јадрата на земјата, во подножјето на вулканот Барански на островот Итруп – се наоѓа една од малобројните геотермални станици во Русија.
Овие огнени острови со вулкани, гејзири, езера со врела вода и со црн песок се предмет на децениски, ако не и вековни, спорови помеѓу Русија и Јапонија.
Јужниот дел од големата курилска низа сè уште претставува пречка во односите помеѓу Русија и Јапонија. Иако минаа повеќе од 30 години од распаѓањето на Советскиот Сојуз, Москва и Токио сè уште не можат да се договорат за прашањето кому во иднина ќе му припаднат островите Итуруп, Кунашир, Шикотан и групата острови Хабомаим, кои моментално ѝ припаѓаат на Русија. Сепак, политичките тензии околу островите слабо влијаат на животот на локалното население, кој веќе со децении се одвива без значајни промени.
Водата што ги опкружува островите е богата со риба и со други морски плодови. Освен тоа, според пресметките на научниците, резервите со нафта и гас во водите околу јужните Курили изнесуваат околу 300 милиони тони. Меѓутоа, овие бројки изгледаат целосно безначајно споредено со природните убавини на овој островски венец.
Природата ги украсила овие острови со многу реки, водопади, извори на топла вода, вулкани, езера и планински рамнини. Термалните извори и пукнатините од кои излегуваат чад и пареа создаваат несекојдневна глетка од бајките во подножјето на вулканот Барански.