Ро Теи-Мун, извршниот директор на новиот оддел за ИТ и мобилни уреди на „Самсунг“ потврди дека новите паметни телефони Галакси нема да вклучуваат полнач и слушалки во кутијата. Ова значи дека идниот Самсунг Галакси можеби веќе нема додатоци. Се верува дека вадењето на полначот и слушалките од кутијата на уредот ќе помогне во решавањето на проблемот со користење на природни ресурси и придонесува на загадувањето на нашата планета, пренесува „Ен 24 њуз“.
„Епл“ веќе иницираше дека нема да додава слушалки од еколошки причини.
Сепак, „Самсунг“ се очекува да преземе постепени чекори за да ги исклучи додатоците како полначи и слушалки од пакетот со новите паметни телефони Галакси, поради што треба да следи кои брендови во иднина ќе преземат слична иницијатива. Во моментов има три бренда: „Епл“, „Самсунг“ и „Шаоми“ кај кои полначот, адаптерот и слушалките може да не бидат вклучени во кутијата.