Како и секоја друг настан на доделување награди оваа година, така и бројот на присутни на „оскарите“ се лимитира во екот на пандемија која не покажува никакви знаци на попуштање.
Промени: Само презентерите и номинираните со плус едно лице во придружба ќе имаат право лично да присуствуваат на 93. церемонија на „оскарите“, објави THR.com во понеделникот.
Истиот извор го цитира претседателот на Академијата за филмски уметности и науки, кој објаснил колку ќе биде различен настанот.
Во писмото испратено до речиси 10.000 членови на филмската академија на САД, Дејвид Рубин потврди дека само презентерите и номинираните со плус еден ќе бидат присутни лично на церемонијата на 25 април.
– Иако се надевавме дека пандемијата ќе биде во нашите ретровизори до месец април, здравјето и безбедноста на членовите на академијата и номинираните за награди се наш главен проблем, затоа моравме да донесеме неопходни одлуки за некои од нашите очекувани настани во неделата на „оскарите“ – наведено е во писмото на Рубин.