Рок-ѕвездите во светот му оддаваат почит на легендарниот гитарист Еди ван Хален, коосновач на рок-бендот „Ван Хален“, кој почина во вторникот на 65-годишна возраст.
Медиумите и социјалните мрежи се преплавени со епитети, повеќето го делат мислењето дека со својот стил на гитара Еди ван Хален ја смени рок-музиката.
Еден од највлијателните гитаристи во модерната ера, Ван Хален, беше познат по својата мајсторија – техниката на тапкање со две раце – и враќањето на виртуозната рок-соло гитара во популарниот музички мејнстрим кон крајот на 70-тите и 80-тите.
Ван Хален формира мост помеѓу рок-стиловите од 70-тите и хевиметал-звуците од 80-тите години на минатиот век.
Пејачот на рок-бендот „Кис“, Џин Симонс, се сеќава на него како бог на гитарата, а другите sвезди го нарекуваат модерниот Моцарт.
Фронтменот на „Ван Хален“, Дејвид Ли Рот, објави фотографија со својот поранешен колега од бендот и напиша: „Колку долго одлично патување беше тоа“.
Еди ван Хален важеше за еден од најголемите гитаристи на сите времиња, пишуваат светските медиуми. Со неговата виртуозна гитара-техника тој инспирира некои великани на рокот.