Поп пејачката Рита Ора одлетала во Бугарија за да снима музички спот за нејзиниот најнов албум, бидејќи знаела дека може да работи без да привлече премногу внимание, според британски „Сан“.
Но поради појавата на новиот мутиран сој на ковид-19 во Велика Британија, Ора е принудена да остане подолго во Бугарија, станувајќи колатерална штета на прекинатите летови меѓу двете држави, пренесува „Дејли мејл“.
Непосредно пред одењето во Бугарија, Ора се соочи со критики поради организирањето на забава за нејзиниот триесетти роденден на 26 ноември.