Магазинот „Варајати“ објави листа на најплатени глумци за 2019 година. На листата доминираат пет мажи, а првото место му припадна на Рајан Рејнолдс, со заработени 27 милиони долари. Тој се најде на врвот на листата благодарение на „Нетфликс“, кој издвои високи хонорари за глумците што играат во филмот „Шесто подземје“ на режисерот Мајкл Беј.
На второто место е Двејн Џонсон, кој за улогата во филмот „Брзи и бесни: Хобс и Шо“ доби 20 милиони долари. Второрангиран е и Роберт Дауни Џуниор, кој за улогата во филмот „Патувањето на доктор Дулитл“ исто така заработи 20 милиони долари. Трет на листата на најбогати е Вил Смит, кој за филмот „Лоши момци за живот“ доби 17, а на четвртото место е Том Круз, кој за „Топ ган Маверик“ заработи 14 милиони долари.
Петтото место го зазеде Емили Блант, која за продолжението на филмот „Мирно место“ доби 13 милиони долари.
Следуваат Бред Пит, Гал Гадот и Леонардо ди Каприо, кои го делат шестото место.
Седма е Маргот Роби, која за улогата во „Птици грабливки“ заработи 9 милиони долари, а меѓу најплатените актери се и: Идрис Елба, Бен Афлек, Кристен Стјуарт, Мартин Лоренс, Жоакин Феникс и Џесика Честејн.