Оргинални ракописи на францускиот писател Марсел Пруст беа продадени на аукција во Париз за 750.000 евра, соопшти аукциската куќа „Сотебис“.
Најскапо, за 132.500 евра, беа продадени ракописите со делови од романот „Во крајот на Сван“, кои претходно беа проценети меѓу 30.000 и 50.000 евра.
Потретот на Пруст нацртан со молив од страна на Жан-Бернар Ешман беше продаден за 45.000 евра, иако беше проценет само на илјада до 1.500 евра.
Писмата кои Пруст ги испраќал до издавачот Гастон Галимар беа продадени за 93.750 евра.
Ракописите и останатите предмети на писателот на аукцијата ги претстави роднината на Пруст, Мари-Клод Мант.
Францускиот писател Марсел Пруст (1871-1922) е најпознат по неговото монументално дело „Во потрага по изгубеното време “, кое претставува циклус од седум романи објавени во период од 14 години.