Националниот сојуз на слепите денеска ја промовираше аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот.
– Министерството за култура со години ја поддржува издавачката дејност на Националниот сојуз на слепите зашто посветено работиме на спроведување на нашите политики за надминување на различностите, за кршење на бариерите, на намалување на границите и на разликите помеѓу луѓето од каков било вид – рече министерот за култура Хусни Исмаили.
На свеченоста во Националниот сојуз на слепите, организирана по повод 15 Октомври-Светскиот ден на Белиот стап се обрати претседателот на Сојузот, Жарко Селковски, а беа промовирани и последните броеви од списанието „Панорама“.