Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ повторно е одложена за седум месеци поради коронакризата.
Новиот филм во режија на Американецот Кери Фукунага, во кој Даниел Крег по петти и последен пат ќе го игра британскиот таен агент 007, поради коронакризата премиерното прикажување го одложија за 11 ноември во Велика Британија, а во САД за 25 ноември.
Продуцентите решиле да го одложат премиерното прикажување на „Нема време за умрирање“ од април во ноември по „внимателно разгледување и темелна проценка на глобалниот филмски пазар со цел да биде виден од што е можно поширока филмска публика“.
Претходниот Бонд филм, „Спектра“ заработи околу 900 милиони долари низ светот.