Кога Доналд Трамп ја презеде функцијата во 2017 година, првата дама Меланија Трамп го одложи преселувањето во Вашингтон и во Белата куќа. Тогаш беше објаснето дека се чека крајот на учебната година на синот Барон. Но близината со нејзината пеесет и двегодишна сестра Инес Кнаус е една од причините поради кои првата дама ја одложила преселбата од Њујорк во Белата куќа, пренесува „Њујорк Пост“.
Инес е многу заштитнички настроена кон својата помлада сестра Меланија Трамп и тие многу често се дружат. Кнаус живее во луксузен апартман на Парк Авенија во Њујорк, во зграда која е во сопственост на организацијата на Трамп. Во истата зграда живееле и Џаред Кушнер и Иванка Трамп пред да се преселат во Вашингтон. На само четири блока оддалеченост е Трамп Тауер, каде живееле Меланија и Барон.
– Тие се многу блиски, Инес е многу љубезна и креативна личност – Одри Грас, позната филантропистка од Палм Бич, која ја опишала сестрата на Меланија и нивниот однос.
Инес жестоко ја бранела Меланија кога се појавиле информации за мажите со кои што Меланија била во љубовна врска, пренесува „Њујорк Пост“. Инес со јавноста комуницира само по пат на својот фејсбук-профил, на кој што повеќе зборува за својата сестра отколку за себе.
Двете сестри ја напуштиле Словенија и заминале во Милано, каде што Меланија работела како манекенка, а Инес се обидувала да стане успешна модна дизајнерка.