Поминуваме дури шест часа на ден гледајќи во екраните на нашите паметни телефони, компјутери и телевизори. Британските психолози спровеле истражување на 2.000 луѓе, со кое се покажало дека просечен човек поминува шест часа дневно пред екран, а дури една четвртина од населението поминува повеќе од десет часа на ден пред екран, што значи дека многу од луѓето го поминуваат поголемиот дел од животот во дигиталниот свет.
Премногу време поминато во виртуелниот свет ги нарушува меѓучовечките односи, ја осиромашува комуникацијата, влијае на однесувањето и концентрацијата и на крајот влијае на губење контакт со надворешниот свет.
Кога станува збор за децата, влијанието што го имаат паметните телефони, компјутерите, телевизорите и воопшто дигиталниот свет врз нив, е уште попогубно.
– Повеќе од третина од луѓето сметаат дека не можат да живеат без екранот. Сѐ повеќе се потпираме на дигиталните уреди. Луѓето премногу се приврзуваат за своите паметни телефони, кои можат да бидат исклучително штетни – предупредува докторката Кики Лутнер од Универзитетот во Лондон, која го спровела истражувањето.