Актерката Гвинет Полтроу при гостување во Шоуто на Хаурад Штерн, изнесе детали за инцидент од 1995 година меѓу нејзиното тогашно момче Бред Пит и холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, кого повеќе жени го обвинија за сексуално малтретирање.
Како што наведува „Дејли Мејл“, Полтроу тврди дека инцидентот се случил набрзо откако Пит дознал дека Вајнстин сексуално ја вознемирувал.
– Бевме на премиера на „Хамлет“ на Бродвеј, кога Бред го здогледа Вајнстин. Го турна до ѕидот и му рече: „Ако некогаш повторно се почувствува непријатно поради тебе, ќе те убијам – изјави Полтроу.
За сексуалното вознемирување од страна на Вајнстин, Полтроу првпат проговори минатата година во изјава за „Њујорк Тајмс“, со што беше една од првите глумици кои јавно ги изнесоа своите непријатни искуства со продуцентот.