Обожавателите на популарната серија „Брејкинг бед“ конечно можат да здивнат. Официјално беше објавен целиот трејлер за претстојниот филм „Ел Камино: Брејкинг бед“ на „Нетфликс“. Во описот за филмот стои дека ќе се разјаснат сите дилеми и нерешени прашања околу тоа што се случи откако заврши серијата во 2013 година.
Трејлерот на филмот открива дека полицијата оди во потрага по Џеси Пинкмен по финалето од серијата, каде што Пинкмен последен пат е виден како вози во Ел Камино. Меѓутоа, сè уште не е јасно дали Брајан Кранстон, чиј лик Волтер Вајт почина во финалето, ќе се појави во филмот.
Но, обожавателите нема долго да чекаат за да го откријат тоа. Од „Нетфликс“ објавија дека филмот ќе почне да се емитува на 11 октомври, а главните улоги ќе ги толкуваат Арон Пол и Чарлс Бејкер.
Повеќепати наградуваната драма „Брејкинг бед“ од 2008 до 2013 година ја одушевуваше публиката со тешко болниот наставник по хемија, Брајан Кранстон, кој се здружува со свој поранешен ученик за да направи империја од производство на метамфетамин.