Домување
За да уживате целосно во топлината на вашиот дом, завиткани во ќебе со чај и есенска штрудла од јаболка, прво треба да ги завршите неопходните работи околу домот во пресрет на дождливите есенски и ладните снежни денови.
Проверка на покривот: Ако живеете во куќа, проверете го покривот. За да се уверите дека нема дефекти и оштетувања на ќерамидите, олуците и оџакот и дека ќе можат да ги издржат есенските и зимските временски неприлики. Треба да ја проверите и внатрешноста на покривот и да обрнете внимание на дамките од влага или оштетувања на изолацијата.
Проверете ги радијаторите: Во текот на летото, во радијаторот често се собира воздух, а со тоа се намалува неговиот ефект. Проверката на системот за греење е задолжителна пред почетокот на грејната сезона.
Не заборавајте на прозорците: Прозорците што протекуваат, создаваат непријатен провев и ги зголемат трошоците за греење. Затоа, важно е да се провери дали прозорците и вратите добро затвораат и сигурно штитат од студот. Наједноставна проверка ќе направите со запалка, ако пламенот оди навнатре, тоа значи дека прозорецот не затвора правилно. Лентите за затнување овде се незаменливи.