Нега и убавина
Носењето маска е дополнителна фрустрација за многумина, пред сѐ поради тоа што предизвикува мозолчиња на брадата, го иритира лицето, но и делот зад ушите, кој е особено чувствителен бидејќи кожата е мека. Токму поради тоа стручњаците препорачуваат тестирање на новата маска, бидејќи може да се појави црвенило на кожата токму тука.
Како што ја негувате кожата околу усните и носот, негувајте ја и кожата зад ушите. Значи, пред да ја ставите маската ставете хидратантен крем и измасирајте го овој дел. Иако маската е одреден вид заштита, за жал, овој вид иритации се неизбежни, особено ако носите маска долго време, што може да доведе до тоа и ушите да ве заболат.
Поради тоа, освен зад ушите, стручњаците препорачуваат ставање хидратантен крем секаде каде што има триење. Крем ставајте и навечер, за да се регенерира овој дел од кожата и за да се смири. Во аптеките може да побарате противвоспалителни кремови, а пожелно е производот да содржи алое вера, масло од јојоба и глицерин.