Сопствениците на кучиња и мачки плаќаат и над 60.000 евра за да ги вратат своите миленици. Австралиските семејства се принудни да платат за посебен лет за своите миленици за повторно да бидат заедно. Не е новост дека бројот на летови е значително намален поради пандемијата и дека со тоа целиот свет е погоден. Исто така, не е новост дека луѓето се „заробени“ во одредени делови на светот и дека едвај успеале да се вратат во своите домови.
Некои австралиски семејства, пак, за време на пандемијата останале одвоени од своите миленици. Па за да бидат повторно заедно, тие се подготвени да платат специјален авион и лет и конечно своите крзнени членови да ги вратат дома. Неколку австралиски семејства изнајмиле авион од над 60.000 евра за да им се пренесат своите кучиња и мачки од Ванкувер до Мелбурн. Имено, тие ги оставиле своите миленици во Канада планирајќи да ги донесат во Австралија за кратко време.
Но откако коронавирусот завладеа, бројот на летови значително се намали и им ги уништи сите планови.
Алан Смит има две кучиња и е подготвен да плати околу 10.000 евра за да ги обедини своите Пучини и Рукси во семејството. Тој и неговата сопруга се преселиле во Австралија во декември, а своите миленици требало да ги добијат заедно со другите домашните работи.
– Досега немаше можност да ги вратат во Австралија. Но не можеме само да ги оставиме. По секоја цена сакаме да ги преселиме со нас – изјави Смит за австралиските медиуми.
Тие не се единствените што платија за овој специјален лет. Марк и Танија Блеквел останале во Канада многу подолго од предвиденото затоа што во март авиокомпанијата објавила дека веќе не превезувала миленичиња.
– Кога сфативме дека не можеме да се вратиме со нашите кучиња, решивме да останеме со нив. Ова е дефинитивно многу стресен период – велат тие.
Подоцна парот исто така платил над 10.000 евра за летот.