Веројатно не постои човек што барем еднаш не посакал да губи помалку време и да биде поефикасен во исполнувањето на своите цели. Меѓутоа, за многумина е полесно да се каже тоа отколку да се направи. Сепак, постојат некои едноставни стратегии што можат да ви помогнат подобро да управувате со вашето време, а ние ќе ги наведеме петте најпроверени.
1. Користете календар
Без разлика дали е ѕиден, на десктоп или дигитален на вашиот компјутер или мобилен телефон, календарот ќе ви олесни да ги планирате идните состаноци, бидејќи само еден поглед на него ќе ви покаже колку сте слободни или зафатени во иднина. Наша препорака е да се погрижите да ги означите важните датуми во календарот и да запишете релевантни информации до нив.
2. Одржувајте кратки
состаноци
Вработените во канцеларијата знаат колку време понекогаш одземаат состаноците. Ако сте задолжени за нивно организирање, обидете се да ги направите што е можно пократки. Поставете цели за преговарање со колегите и не дозволувајте дискусијата да оди во друга, помалку релевантна насока.
3. Правете списоци
Тоа може да бидат списоци со дневни, неделни и месечни цели, но и списоци на чекори што треба да ги преземете за да ги исполните. Со нивна помош, ќе ви биде полесно да се фокусирате на обврските и да заборавите сѐ што е помалку важно во вашиот живот, а со тоа ќе губите и помалку време.
4. Користете кратенки
Олеснете си го исполнувањето на обврските со елиминирање на сите непотребни чекори во вашата работа. Не е потребно, на пример, да им се посвети еднакво внимание на сите пораки и да се напишат сеопфатни одговори за нив. Исто така, препорачливо е да креирате некои шаблони за текстуална комуникација, за да не мора да ги пишувате истите работи постојано.
5.Забележувајте
Запомнувањето важни детали од состанок или од разговор одзема многу време, па поради тоа корисно е секогаш до вас да имате роковник за да можете да запишете сѐ што е важно. Можете исто така да го користите вашиот мобилен телефон или таблет за истата цел. Препорачливо е да ги забележувате вашите идеи, за да не ги заборавите.