Во опуштен неделен бранч збогатен со неодоливи мириси на фантастичните кулинарски специјалитети, Парк Хотел и Спа го одбележа својот втор роденден. Амбасадорите и претставници на амбасадите на Америка, Јапонија, Република Чешка, Албанија, Романија и Грција, уживаа и се дружеа во ресторан „Фор“, едно од најпријатните места во Скопје.
На настанот, гостите ги пречекаа г-дин Енвер Малиќ и генералниот менаџер на хотелот Панајотис Колакатис.
Ресторан „Фор“, кој постојано ги следи светските трендови и континуирано и посветено работи со цел да ги задоволи барањата и вкусовите на своите гости, овој пат нуди нов концепт – Неделен Бранч, преку кој сака да создаде нова навика кај за сите оние кои ги обожуваат доцните неделни утра.
Добредојдени сте да го вкусите ова неодоливо искуство, секоја недела од 12 до 14 часот во ресторан „Фор“.