Домување
Пампасот е од семејството треви, само што е украсна трева и потекнува од Јужна Америка, поточно од Аргентина, Уругвај и јужниот дел на Бразил. Името го добил по пампасите на кои расте, а тоа се тревни степи во југоисточна Јужна Америка.
Тревата има грмушеста форма, а нејзините цвеќиња се како пердуви, поради што е убав избор кога станува збор за украс во домот. Пампасот го прави домот сосема поинаков. Во Европа бил донесен на крајот на 18 или почетокот на 19 век и се користел за декоративни цели. Може да се одгледува насекаде, на секој двор ќе му даде нота на елеганција, со меки цвеќиња во различни бои. Достигнува неверојатна висина до два и пол метри, па може да биде идеална ограда. Ова растение е на прво место веќе неколку сезони кога станува збор за избор на внатрешна декорација на ентериерот. Можете да го најдете во продавниците за цвеќе.
Изберете идеална вазна за вашите пампаси и секоја соба ќе ја направи како од каталог.