Смарагди, рубини и сафири, кои што во кутија со децении биле затрупани во глечер на Мон Блан, биле поделена меѓу планинарот што ги пронашол и локалните власти, осум години по откривањето.
Скапоцените камења планинарот ги пронашол во 2013 година. Останале скриени во метална кутија која била во индиски авион кој се паднал пред околу 50 години.
-Камењата се поделени на два еднакви дела оваа недела, проценети на 150.000 евра – изјави за АФП градоначалникот на Шамони, Ерик Фурние.
Тој рече дека е многу среќен што приказната е при крај, особено за алпинистот. Го пофалил неговиот интегритет затоа што своето откритие го пријавил во полиција, како што налага законот.
Два авиони на „Ер Индија“ се урнаа на Мон Блан во 1950 и 1966 година. Низ годините оттогаш планинарите редовно наоѓаа остатоци од авионите.
Властите веруваат дека скапоцените камења најверојатно дошле од лет што патувал на релација Мумбај-Њујорк.