Бразилскиот остров Куемада Гранде се простира на околу 430 квадратни метри и на него живеат околу 4.000 најсмртоносни змии на светот. Според пресметките израчунато е дека по една змија има на секој метар квадратен.
На островот владее Bothrops insularis или златната змија, чиј отров е пет пати посилен од отровот на другите змии.
Должината на овие влекачи изнесува до два метри, а доколу каснат човек, тој ќе биде мртов за помалку од еден час.
Локалната легенда кажува дека пиратите ги донеле змиите на островот за да го чуваат богатството што е длабоко закопано во земјата.
Меѓутоа, вистината е поинаква. Пред околу 11.000 година нивото на морето се издигнало доволно за овој остров да се изолира од копното, со што змиите еволуирале малку поинаку за разлика од тие на копно. Брзо се размножувале затоа што немале копнени предатори како закана, а притоа имале плен – птиците.
Владата на Бразил многу остро го надгледува „островот на змиите“ и никому не му е дозволено да го посети без присуство на доктори и стручни лица.
Меѓутоа, луѓето и понатаму го посетуваат островот поради неговата недопрена природа, како и поради ловот на змиите. Златните змии се ендемски вид и цената на една змија на црниот пазар изнесува околу 30.000 долари.