Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра Винфри, со неколку пријатели се одмора на луксузна јахта во Дубровник.
Таа во Хрватска допатува со нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг, дизајнерката Дајана фон Фурстенберг и почесниот претседател на модната куќа „Валентино“, Опра Винфри и Џанкарло Џамети.
Токму Џамети откри каде се наоѓаат со тоа што на Инстаграм објави фотографија од крстарењето.
– Во Дубровник со прекрасна жена, која со гордост ја нарекувам пријателка – напиша тој под заедничката фотографија со Опра.
Фотографија од дружењето низ Дубровник објави и дизајнерката Дајана фон Фурстенберг со коментар: „Попладневна прошетка низ Хрватска“.
Според податоците на „Форбс“ богатството на Опра Винфри се проценува на четири милиjарди долари, Дајана фон Фурстенберг поседува 1,2 милиjарди, додека уредничката на списанието на „О“, Гејл Кинг, има околу 25 милиони долари.
Податоците за богатството на Џанкарло Џамети не се познати, но се прeтпоставува дека поседува околу 1,5 милијарди долари.