Актерката и пејачка Оливија Њутн Џон (71), најпозната по улогата во филмот „Брилијантин“, ќе продаде на аукција речиси 500 свои работи и предмети вклучувајќи ги и познатите црни панталони од завршната сцена на познатиот филм.
На аукцијата ќе биде понудена и розовата јакна што ја носеше во филмот, како и црната кожена јакна, која исто така ја носеше во последната сцена на филмот.
Целиот приход од продадените предмети ќе биде даден во добротворни цели, пренесува ТВНЗ.
Познатата актерка се бори со карцином на дојката, кој првпат ѝ беше дијагностициран во 1992 година.