Детали од тестаментот на познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се самоуби минатиот месец, станаа достапни за јавноста.
Од нив се гледа дека нема ништо верно во информациите дека неговото богатство изнесува 16 милиони долари. Износот е всушност значително помал – 1,21 милиони долари.
Според документите, кои беа внесени во судот, Бордејн има 425.000 долари како кеш и заштеди во банките, како и приватна сопственост вредна 250.000 долари, средства од авторски права од 500.000 долари, како и акции во вредност од 35.000 долари.
Неговата последна желба, според тестаментот од 2016 година е дека голем дел од богатството останува за единственото негово дете – 11-годишната ќерка Аријан.