Обелискот на Аксум е обелиск со висина од 24 метри и тежина од 160 тони. Се наоѓа во градот Аксум во африканската држава Етиопија. Изграден е во четвртиот век од нашата ера во периодот на античкото Кралство Аксум. Украсен е со две лажни врати и прозорци, а завршува со полукружен горен дел.