Принцезата Марта Луиз од Норвешка може да додаде нова титула на својата листа со признанија: ТВ-реална ѕвезда. Марта (49) неодамна објави дека периодов снима нова реална серија со наслов „Марта“, која ќе се емитува на норвешката ТВ 2 во 2021 година.
Серијата ќе им даде увид на обожавателите во нејзиниот личен живот, вклучувајќи ја и нејзината врска со американскиот духовен водич, шаманот Дурек.
Принцезата минатата година ја шокира јавноста кога на социјалните мрежи објави дека е во врска со шаманот Дурек, кому вистинското име му е Дерек Вaрет (45). Принцезата не кажа како се запознале, но наводно се во врска веќе две години. Британските весници пишуваа дека Марта била привлечена од духовноста на шаманот.
– Јас сум јавна личност, а печатените медиуми пишуваат многу за мене.
Оваа серија е можност да го покажам мојот живот на поинаков и нов начин – рече Марта.
Норвешката ТВ-мрежа им ветува на гледачите средба како никогаш порано со Марта следејќи ја внимателно и приватно и на работа. Таа додава дека најважната работа што ја прави е да биде присутна за ќерките – 17-годишната Мод, 15-годишната Леа и 12-годишната Ема. Нивниот татко Ари Бен изврши самоубиство на Божиќ, две години по разделувањето на парот по 15 години брак.