Спектакуларните релјефи со кои Норвешка може да се пофали се нејзина предност, но и голема мана. Бројните фјордови се магнет за љубителите на природата, но истовремено го отежнуваат сообраќајот на самите Норвежани.
На пример, патот од Кристијансанд, градот на југот на земјата до Трондхајм во централниот дел на Норвешка, трае цели 21 час, иако станува збор за само 800 километри. За да се помине таа далечина потребно е неколку пати да се користи траект. Норвешката влада планира да го преполови тоа време, поради што наскоро ќе започне реализација на проект вреден 40 милјарди долари.
Скапиот инфраструктурен проект подразбира мостови и најдолг и најдлабок тунел кој ќе биде избушен под морското дно. Тунелот се буши на 392 метри длабочина, а ќе биде долг 27 километри.
Сепак, најголем предизвик на ова архитектонско чудо се „пловечките” тунели, кои лежат на околу 30 метри под површината на водата.
Овие тунели не се навистина „пловечки“ како што најчесто се нарекуваат. Тие се фиксирани на едно место. Ги нарекуваат уште и „потопени тунели“.
Овие тунели всушност ќе бидат поставени во оние фјордови каде што е невозможно да се постават понтонски мостови, кои исто така се дел од проектот Е 39, најважниот магистрален пат низ Норвешка.
За ваков тип на тунели размислуваа и Кина, Италија и Јужна Кореја, но ако Норвешка успее да ги изгради ќе биде првата земја во светот која има тунели под вода.