Оваа година посетителите во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, ќе мораат да ја преземат и да се регистрираат на апликацијата „Ју Бај Емаар“ за резервирање на место за гледање на новогодишниот огномет и ласерското шоу од Бурж Калифа, највисокиот облакодер во светот, пренесува „Нешнл њуз“.
Жителите на Дубаи кои сакаат да го гледаат на огнометот од Бурж Калифа сега можат да си резервираат место за себе преку Интернет.
За ова доживување кое ветува спектакуларен огномет и ласерско шоу за новогодишната ноќ, организаторот „Емар“ го воведе овој систем за да обезбеди лесен пристап.
Посетителите ќе можат да добијат место на булеварот „Шеик Мохамед Бин Рашид“ каде што ќе се применуваат правилата за социјално дистанцирање, со претходно регистрирање во апликацијата „Ју Бај Емаар“.
На булеварот „Шеик Мохамед Бин Рашид“ ќе има ограничен капацитет и гостите преку апликацијата можат да резервираат места за групи до 12 лица.
Сите резервации на ресторани на булеварот „Шеик Мохамед Бин Рашид“, како и на „Соук Ал Бахар“, операта Дубаи и Мол Дубаи ќе мора да се направат преку истата апликација. Дури и оние кои веќе имаат резервации за ресторани, потребно е однапред да се пријават на апликацијата, за да имаат пристап до местата.
Оваа година апликацијата „Ју Бај Емаар“ воведе неколку здравствени и безбедносни мерки за новогодишната ноќ, вклучувајќи термички камери, социјално дистанцирање, безконтактни плаќања и чести миења и дезинфекција, во согласност со упатствата и директивите на Владата на Обединетите Арапски Емирати.