Во кениската долина Рифт на брегот на езерото Наиваш, нилски коњ нападна и усмрти турист од Кина, и повреди уште еден, соопштија денеска локалните власти.
Немилиот настан се случил во саботата додека Кинезите го фотографирле пределот. Повредениот турист е згрижен во блиска болница во градот Наиваша, на 90 километри југоисточно од кенискиот главн град Најроби.
Само неколку часа претходно, друг нилски коњ во истата област убил риболовец, локален жител.
Истрагата за двата случаја е во тек.