Занимливости

Првиот самослик

Првиот самослик никогаш не е преземен од паметен телефон, ниту пак е објавен на социјалните медиуми, затоа што е направен многу одамна. Многумина мислат дека самосликот е неодамнешен изум, меѓутоа ваков вид фотографија првпат е направена во 1837 година од страна на Роберт Корнелиус.
Корнелиус останува запаметен како пионер на фотографијата, творецот на фотографската плоча за првата фотографија направена во Соединетите Американски Држави. Корнелиус исто така ја патентира и т.н. соларна ламба во 1843 година, а денес се смета како првата личност што направила самослик во историјата.


Тестирање панцир

Компанијата за заштитна облека од Њујорк силно веруваше во сигурноста на сопствениот производ безбедносен панцир и организира јавна демонстрација. Во 1923 година, под покровителство на компанијата и со учество на полициските сили, беше направена демонстрација на најсовремениот полициски панцир од лесна категорија. Притоа учесниците во демонстрацијата пукаа со револвер во претставникот на компанијата што беше облечен во полицискиот панцир.


Човечката генијалност не познава граници

Во текот на 20-тите и 30-тите години на 20 век, кога во сила беше прохибицијата во Соединетите Американски Држави, односно забраната за производство и продажба на алкохол, луѓето наоѓаа многу иновативни начини за да ја прикријат својата илегална дејност. Еден од најпознатите генијални трикови што биле користени за да се скријат од полицијата било носењето т.н. кравји чевли. Овие чевли изгледале како и сите други, меѓутоа имале дрвен додаток во форма на копита од крава, со што ги прикривале сопствените стапалки.


Били Кид обожавал да игра крикет

Хенри Макарти, познат и со псевдонимите Хенри Ентрим, Вилијам Харисон Бини и Били Кид, останува запаметен како легендарен американски одметник на Дивиот Запад. Според американскиот фолклор, Били Кид убил вкупно 21 човек, по еден за секоја година од својот живот. Бидејќи бил еден од најбараните одметници постојат многу малку фотографии од легендарниот Били Кид. Меѓутоа на една зачувана фотографија може да се забележи како легендарниот одметник игра крикет.


Првото возење во метро

Во 1904 година, во организација на градоначалникот на Њујорк, беше отворено првото метро, а првите патници се возеа на патеката што беше долга 15 километри и имаше 28 станици. Во почетокот на 20 век, луѓето гледаа на метрото како на циркус, а не како на превозно средство. Меѓутоа денес нештата се многу поинакви и метрото е неразделиво од секоја светска метропола.


Тестирање шлем

Во минатото многумина веруваа дека на оваа фотографија од 1912 година е претставено тестирање шлем за американскиот фудбал, но, всушност, станува збор за безбедносна демонстрација на британскиот пронаоѓач В.Т. Варен, кој изработил заштитен шлем за летање. Во првата деценија на 20 век, повредите на главата беа главна причина за смртта на пилотите при авионските несреќи, затоа Британецот осмисли и патентира заштитен шлем за пилотите, кој бил покриен со кожа.