Прикријте ги првите знаци на стареењето со помош на советите на козметичарите и шминкерите што се грижат за изгледот на најголемите светски ѕвезди како: Ума Турман, Рене Зелвегер, Викторија Бекам…
Пилинг – како што старееме сѐ повеќе време е потребно да се обноват мртвите клетки од кожата. Поради тоа барем двапати месечно дозволете си пилинг на целото тело, со што ќе ѝ го вратите на кожата младешкиот сјај. Најдобро е пилингот на телото да се направи по туширање, додека е кожата влажна.
Масажа на лицето – сјајната и затегната кожа оддава впечаток дека сме помлади, па затоа секое утро и вечер масирајте го лицето додека го ставате дневниот или ноќниот крем. Почнете со нежна масажа, и тоа со движења од центарот кон надвор, сѐ додека кожата не го впие кремот.
Нега на рацете – залудно трошите часови и часови на нега на лицето и телото, доколку заборавите на рацете. Токму тие најмногу ги откриваат вашите години, па затоа не запоставувајте ги. Пожелно е секое утро да ставате крем за раце, а секоја вечер да ги мачкате со ретинол, за да ги измазните брчките и да ја одржите цврста кожата на рацете.